Сметководствено биро · Скопје077 602 100
Бесплатна консултација
Мени

ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ · СКОПЈЕ

Календар на Неработни денови 2026

Во 2026 година, неработните денови во Македонија се распоредени на следниов начин:

За сите граѓани:

  • 1 јануари (четврток): Нова година
  • 7 јануари (среда): Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 20 март (петок): Рамазан Бајрам (прв ден)
  • 13 април (понеделник): Велигден (втор ден според православниот календар)
  • 1 мај (петок): Ден на трудот
  • 24 мај (недела) и 25 мај (понеделник): „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители ( неработен ден е 25 мај )
  • 2 август (недела) и 3 август (понеделник): Ден на Републиката (неработен ден е 3 август)
  • 8 септември (вторник): Ден на независноста
  • 11 октомври (недела) и 12 октомври (понеделник): Ден на народното востание (неработен ден е 12 октомври)
  • 23 октомври (петок): Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (вторник): „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 6 јануари (вторник): Бадник, ден пред Божик
  • 19 јануари (понеделник): Богојавление (Водици)
  • 10 април (петок): Велики Петок (петок пред Велигден)
  • 29 мај (петок): Духовден (петок пред Духовден)
  • 28 август (петок): Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 6 април (понеделник): Велигден (втор ден)
  • 1 ноември (недела): Празник на сите светци
  • 25 декември (петок): Божик (прв ден)

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 27 мај (среда): Курбан Бајрам (прв ден)

За припадниците на албанската заедница:

  • 22 ноември (недела): Ден на албанската азбука

За припадниците на српската заедница:

  • 27 јануари (вторник): Свети Сава

За припадниците на ромската заедница:

  • 8 април (среда): Меѓународен ден на Ромите

За припадниците на влашката заедница:

  • 23 мај (сабота): Национален ден на Власите

За припадниците на еврејската заедница:

  • 21 септември (понеделник): Јом Кипур (прв ден)

За припадниците на бошњачката заедница:

  • 28 септември (понеделник): Меѓународен ден на Бошњаците

За припадниците на турската заедница:

  • 21 декември (понеделник): Ден на настава на турски јазик