Сметководствено биро · Скопје077 602 100
Бесплатна консултација
Мени

ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ · СКОПЈЕ

Многу клиенти ≠ добар бизнис

Многу клиенти ≠ добар бизнис — тематска илустративна фотографија

Еден сопственик на мал бизнис беше убеден дека фирмата му оди одлично.

Секој ден имаше продажба. Телефонот постојано му ѕвонеше. Клиенти доаѓаа. Фирмата континуирано остваруваше приливи на средства на својата сметка. На прв поглед, сѐ изгледаше добро. Но, кога седнавме да ги погледнеме бројките, сликата беше поинаква. Приходите беа високи, но трошоците растеа уште побрзо. Кирија. Плати. Набавка. Гориво. Реклами. Провизии. Банкарски трошоци. Непланирани поправки. Ситни трошоци што секојдневно се собираат и на крајот прават голема разлика.

На крајот, фирмата имаше многу работа, многу движење и многу обврски, но реалната заработка беше многу помала од очекуваното.

И тука е најважната лекција: Бројот на клиенти не е најважната бројка. Поважно е колку од приходите остануваат како реална заработка.

Многу сопственици на фирми го следат само прометот. „Колку продадовме?“ … „Колку клиенти имавме?“… „Колку пари легнаа на сметка?“
Но, вистинското прашање е: Колку од тоа остана после сите трошоци?

Затоа секој бизнис треба редовно да ги следи овие работи:

  • колку приходи има месечно;
  • колкави се фиксните трошоци;
  • колку се променливите трошоци;
  • дали наплатата доцни;
  • дали цените ги покриваат реалните трошоци;
  • колкава е добивката;
  • дали има доволно готовина за обврските.

    Фирмата може да има многу клиенти и сепак да има проблем со ликвидност. Да има голем промет и сепак да не биде доволно профитабилна. Фирма може да расте, но ако растот не е добро испланиран, тој раст може да создаде уште поголем притисок.

Што можете да направите?

  1. Следете ги трошоците секој месец, не само кога ќе дојде време за годишна сметка.
  2. Одвојувајте лични од фирмени пари.
  3. Не носете одлуки само според состојбата на банкарската сметка.
  4. Проверувајте дали цените ви оставаат доволна заработка.
  5. Разговарајте со сметководителот пред да донесете поголема деловна одлука.

    На крајот, успешен бизнис не е оној што само има многу клиенти.

Успешен бизнис е оној што знае колку заработува, колку троши и што треба да промени за да оди напред.

Тим Ѓорѓиевски
За цврст темел на добар бизнис