Сметководствено биро · Скопје077 602 100
Бесплатна консултација
Мени

ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ · СКОПЈЕ

Фактура што поминува на УЈП (и што не)

Фактура што поминува на УЈП (и што не) — тематска илустративна фотографија

Ова е важно за секоја компанија.

Што мора задолжително да содржи една фактура?

  • број и датум на фактура
  • податоци за издавач и примател ( назив, адреса, ЕДБ )
  • опис на услуга или стока
  • износ без ДДВ, ДДВ и вкупен износ ( ако е применливо )
  • датум на промет

Најчести грешки што не поминуваат

  • општ опис („услуги”, „консултации” без детал)
  • погрешен или непостоечки ЕДБ
  • недоследни датуми ( датум на фактура ≠ датум на промет )
  • фактури од неактивни или фиктивни фирми

Фактура ≠ автоматски признаен трошок
Дури и со исправна фактура, УЈП проверува:

  • дали трошокот е поврзан со дејноста
  • дали има реален промет
  • дали плаќањето е евидентирано

Клучен заклучок
Добра фактура е комбинација од форма и логика. Ако има бројки, но нема смисла — не поминува.

Подготвено од: тимот на ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ
Последно ажурирано: 15 септември 2026

За проверка на документацијата и редовно водење на евиденцијата, разгледајте ги нашите сметководствени услуги или контактирајте нè.