Сметководствено биро · Скопје077 602 100
Бесплатна консултација
Мени

ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ · СКОПЈЕ

Сметководствени услуги

Сметководствени услуги

ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ обезбедува сметководствени услуги за микро и мали компании. Ви помагаме да знаете кои документи недостигаат, кои обврски следуваат и што покажуваат финансиските резултати. Опсегот на работа го договараме според дејноста и потребите на фирмата. Пред избор на биро прочитајте како се менува сметководство, што влијае врз цената за ДООЕЛ и кои документи се доставуваат месечно. Дознајте како ја организираме сметководствената соработка со фирми во Скопје и поддршката за новоосновани компании.

  • Финансиско сметководство
  • Материјално сметководство
  • Девизно работење
  • Изготвување годишни сметки и финансиски извештаи
  • Пресметка на плати
  • Пресметка на сите видови даноци
  • Даночен консалтинг
  • Пријава-одјава на даночен обврзник
  • Изработка на финансиски извештаи за интерни и екстерни корисници
  • Изработка на декларација за закупнина
  • Изработка на декларација за плаќања по основ на други договори
  • Сложување аналитички картици со партнери

Бесплатна Консултација

Закажете бесплатна консултација за можностите на Вашиот бизнис!

✆ Можете да не контактирате на +389 77 602 100. Или испратете ни емаил со Вашето барање преку следната контакт форма.

Сметководство според потребите на вашата фирма

ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ обезбедува сметководствени услуги за микро и мали компании во Скопје и Македонија. На првиот разговор ги разгледуваме дејноста, обемот на документи и информациите што ви се потребни за да го следите работењето.

Како да се подготвите за првиот разговор

Подгответе краток опис на дејноста, приближен месечен број документи, број на вработени и информација дали фирмата е ДДВ обврзник. Ако менувате сметководител, кажете ни до кој период е обработена документацијата и дали има неусогласени состојби.

Најчести прашања

Од што зависи цената на сметководството?

Од договорениот опсег, обемот на документацијата, вработените и сложеноста на работењето. Побарајте понуда за вашата фирма.

Дали поддржувате новоосновани фирми?

Да. Разгледајте ја сметководствената поддршка за нови фирми и стартапи.

Дали се вклучени платите и даноците?

Пресметката на плати и ДДВ и даночното советување можат да бидат дел од договорениот опсег. Деталите се утврдуваат при понудата.