Бруто–нето калкулатор за плата 2026
Пресметај ориентациска нето или бруто плата со преглед на придонесите и данокот.
Нето плата
- Бруто плата
- –
- ПИО
- –
- Здравствено 7,5%
- –
- Дополнително здравствено 0,5%
- –
- Невработеност
- –
- Вкупно придонеси
- –
- Даночно намалување
- –
- Даночна основа
- –
- Данок на личен доход 10%
- –
За стандардна плата на вработен во правно лице, без бенефициран стаж, посебни ослободувања или боледување. Придонесите се ограничени до највисоката месечна основица од 1.106.256 денари. За бруто под 34.570 денари е потребна индивидуална пресметка. Износите се заокружуваат на цел денар. Калкулаторот не проверува право на даночно намалување или усогласеност со минимална плата и не заменува МПИН-пресметка.
Параметри за 2026, проверени на 05.11.2026. Официјални извори: стапки јули–декември, стапки јануари–јуни и даночно намалување, основици за придонеси.
Нов вработен, промена на работно време или отсуство може да влијае на месечната пресметка. ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ им помага на компаниите со пресметка на плати и поврзаните обврски, врз основа на доставените податоци и важечките правила.
Што опфаќа поддршката
Разгледување на податоците потребни за пресметката, пресметка на бруто и нето плата, придонеси и данок, како и подготовка на поврзаната документација во договорениот опсег. При промени во работниот однос или нестандардни исплати, најпрво се проверува конкретната ситуација.
Што треба да достави работодавачот
За точна пресметка се потребни ажурни информации за вработените, договорената плата и работното време, одработените часови, отсуствата и промените во месецот. Начинот и рокот за доставување на овие податоци ги договараме со компанијата.
Како започнуваме
Ни го кажувате бројот на вработени и каква поддршка ви е потребна. Ги разгледуваме видовите работни ангажмани и тековниот процес, па го утврдуваме опсегот на соработката и потребната документација.
Најчести прашања
Дали услугата е соодветна за мала фирма?
Да. Опсегот се договара според потребите на фирмата и бројот на вработени.
Може ли да се разгледа трошокот пред ново вработување?
На консултацијата може да побарате пресметка врз основа на планираната плата и работното време.
Дали калкулаторот за плата е исто што и услугата?
Калкулаторот дава пресметка според внесените параметри. Услугата вклучува обработка на конкретните податоци и договорената документација за компанијата.
Побарајте понуда за пресметка на плати или јавете се на +389 77 602 100.
Поврзано: Сметководствени услуги и ДДВ и даночно советување.
