Правна и административна поддршка за вашиот бизнис
ТИМ ЃОРЃИЕВСКИ обезбедува административна поддршка за микро и мали компании. Ги разгледуваме потребните документи, деловните промени и задачите поврзани со тековното работење, за да договориме конкретен опсег на соработка.
За основање фирма, промени во работењето или документација поврзана со вработени, опишете го вашето барање. Потребната постапка, документација и стручна поддршка се утврдуваат според конкретниот случај.
Како започнува соработката
Ни кажувате која административна задача или деловна промена ја планирате. Ги разгледуваме достапните информации и документите што ќе бидат потребни, па го договараме опсегот на работата и начинот на комуникација.
Организација на документите и обврските
Ажурната документација помага административните задачи да се поврзат со сметководственото работење. За промени кај вработените разгледајте ја услугата пресметка на плати, а за редовната евиденција — нашите сметководствени услуги.
Правни услуги
Адвокатски услуги и сите видови правни совети, а се со цел да ги минимизирате правните ризици без никакви пречки. Поведување на судски и вонсудски постапки и застапување на клиенти пред надлежните судови, државни и други органи и организации.
- Основање / ликвидација на сите видови трговски друштва и здруженија
- Стечајна постапка на трговски друштва
- Работни дозволи за странци
- Упис на прокурист
- Промена на управител
- Промена на основач
- Упис на основачки влог (неуплатен капитал)
- Регистрација и бришење на подружница
- Промена на e-mail адреса
- Промена на седиште (адреса)
- Промена на назив
- Регистрација на работно времe
- Изработка на сите видови договори
Административни услуги
- Изготвување на изјави, одлуки, полномошна, решенија, спогодби, деловни понуди и сл.
- Пријава/одјава на работници со подготовка на потребните акти
- Промена на работните часови во работниот однос (полно и скратено работно време)
- Боледување
Бесплатна Консултација
Закажете бесплатна консултација за можностите на Вашиот бизнис!
✆ Можете да нè контактирате на +389 77 602 100. Или испратете ни емаил со Вашето барање преку следната контакт форма.
Прашања пред да започнеме
Кои документи треба да ги доставам?
Потребните документи зависат од барањето. На првиот разговор опишете ја задачата и што веќе имате подготвено, па ќе го утврдиме следниот чекор.
Може ли да договориме и сметководствена поддршка?
Да. Административните задачи може да се разгледаат заедно со сметководството или поддршката за новоосновани фирми, според договорениот опсег.
